„Жолтите елеци“ во Франција имаат нови 41 барања

Демонстрантите во Франција не протестирале само за цените на горивата. Тие во следните денови најавија уште пожестоки протести, се додека не се исполнат нивните барања, или барем поголем дел од нив. А, тие се вкупно 41 на број.

Ако протестите продолжат, тогаш се шпекулира дека е можно истите да продолжат и во другите земји во ЕУ.

Еве кои е барањата на „жолтите елеци“:

  1. Повеќе прогресивност во данокот за плата
  2. Минимална плата да биде 1300 евра нето
  3. Пензискиот систем да остане солидарен
  4. Да нема пензии под 1200 евра
  5. Платите и пензиите мора да се прилагодуваат според инфлацијата
  6. Заштита на француската индустрија и забрана за нејзина преселба
  7. Секоја личност која работи на француска територија мора да има исти права како и француски државјанин, и неговиот работодавач мора да му плати исти придонеси
  8. На големите компании да им се ограничат работните договори на определено време. Да има повеќе трајни договори
  9. Максималната плата може да биде 15000 евра
  10. Создавање на работни места за невработените
  11. Услов за одење во пензија да биде 60 години старост, односно 55 години за оние кои работат тешки работи
  12. Да се реши проблемот на бездомниците
  13. Да се ограничат цените на кириите и да се осигураат повеќе сместувања по умерени цени, особено за студентите и за привремените работници
  14. Да се спроведе план на топлинска изолација по домовите поради еколошки причини и финансиска корист за семејствата
  15. Да се фаворизираат малите компании во руралните и урбаните средини. Да се сопре изградбата на трговски зони околу градовите кои ги убиваат малите трговци и претрпијатија. Повеќе бесплатен паркинг по градовите
  16. Покачување на инвалидската пензија
  17. Да се продолжи социјалната помош за деца. Сега е до шест години, да биде до 10 години
  18. Ист состав на социјална помош за сите, вклучувајќи ги и самовработените работници
  19. Да нема затворање на мали превозни линии, пошти, училишта и родилишта
  20. Осигурување на старите лица
  21. Најмногу 25 ученици во еден клас по училиштата
  22. Соодветни алати за психијатриските болници
  23. Забрана за продажба на државните имоти
  24. Судството, полицијата и војската мораат да имаат добра опрема. Прекувремените часови да бидат платени, или одбиени од месечните работни часови
  25. Средствата од патарините да служат за одржување на патиштата, автопатиштата и сигурноста на патиштата
  26. Цената на плинот и струјата се покачиле поради приватизација на тој сектор, и со тоа мора повторно да бидат јавни добра. Цените да се намалат
  27. Форсирање на превоз на стоки со железнички сообраќај
  28. Големите компании како „МекДоналдс“, „Керфур“, „Амазон“ да плаќаат поголем данок, а помалите компании помал
  29. Намалување на трошоците за горива
  30. Да се забрани одданочување на изворот на секој производ
  31. Прекин на даночниот кредит за фирмите. Тие пари да се користат за поттикнување на француската индрустија за водород
  32. Прекин на мерките за штедење. Да се прекине со плаќање камати на нелегитимниот долг и да се тргне со отплаќање на долг без земање од сиромашните, а 80 милијарди евра да се пронајдат во даночните измами
  33. Забрана за наплата на додадок при користење на картичка за купување. Да се одреди данок на горивото за бродови и на керозинот
  34. Секој застапник има право на средна плата. Трошоците на превоз да бидат проверувани и да бидат дозволени само ако се оправдани
  35. Народниот референдум мора да влезе во Уставот. Да се направи интернетска локација која ќе управува независно тело каде што луѓето може да направат сметка. Доколку предлогот добие 700.000 потписи, тогаш мора Собранието да распише референдум на национално ниво. Сега францускиот Устав не предвидува референдум.
  36. Да се врати седумгодишниот мандат на претседателот на Франција. Пратениците после две години на претседателскиот мандат, да праќаат позитивен или негативен сигнал за неговата работа. Тоа би помогнало да се чуе гласот на народот
  37. Укинување на доживотните плати за претседателите
  38. Барател на азил мора да биде прифатен
  39. Да се разрешат причините за присилна миграција
  40. Оние на кои им се скратено барањето за азил, веднаш треба да бидат вратени во земјата од каде потекнуваат
  41. Да се воспостави вистинска интеграциска политика. Да се живее во Франција значи да се стане Французин, и тоа лице мора да го зборува течно јазикот, да ја знае историјата и сите негови права и обврски

Извор: ТВ21

Translate »