Најчевска за Силјановска: Стара реторика, стари цели, таа не нуди ништо ново

Низа реакции предизвика името на професорката Гордана Силјановска која во име на опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе се бори за претседателска функција.

И негативни и позитивни реакции секојдневно се бројат во јавноста.

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи со коментар околу кандидатката за наследник на Иванов.

„Гордана Силјановска како кандидат за претседател има две добри карактеристики.

Прво – тоа што е жена.
Второ – тоа што е повозрасна.
И тука запира доброто.
Она што е најстрашно кај нејзе како кандидат е тоа што не нуди ништо ново. 
Стара реторика, стари цели, минати идеи, веќе видени и чуени и доживеани активности.
Едноставно достоен претставник на партијата која е свртена кон минатото и чиј највисок дострел е лошо препишување од оние кои знаат или, имитации на некој оригинал.
Во тоа (препишувањето) се мешаат и христијани и партизани и меѓународни органи и организации и демократски вредности и конзервативна методологија и баби и жаби, и социјала и законодавна власт и право и …, се на еден куп.
Таков и кандидатот. Кармакашија од контрадикторни изјави, противречни ставови, мешавина на вистини, полувистини и невистини, добро зачинето со себефалење, подмачкано со навреди и омаловажување и ставено во калапот на национализмот. 
Значи да повторам, тоа што е жена и возрасна е добро, се останато е труба“ – пишува Најчевска на Фејсбук.

„Многу е едноставно:

Кандидатката која прифатила поддршка од партијата која што ни го одзема правото слободно да одлучуваме за нашите тела, која што спроведе матка=инкубатор опресија, што укина родови студии, што ги сатанизира нашите сестри – лезбејки и транс жени, што сееше страв од ислам а со тоа и од нашите сестри муслиманки, за која сите што користат социјална помош беа паразити, која ни кажа дека се бориме за “некакви си женски права”, нема да го добие мојот глас“, пак пишува пак Билјана Котевска.

Translate »