Пет „мали“ нешта на кои несвесно трошиме многу пари
Иако парите се наменети да се трошат, честопати ни се случува кога ќе ја погледнеме состојбата на банкарската сметка, да не можеме да се сетиме на што сме ги потрошиле сите пари.
Одговорот се наоѓа во „малите“ нешта, кои за разлика од поголемите трошоци, тивко црпат од финансиските средства и го намалуваат буџетот. Еве некои од тие нешта.
- Кафе и пијалок
Пиење кафе после работа, па уште едно или две додека сме на работа, а на крајот на денот чаша вино со пријателите – доколку се пронаоѓате во овие луѓе, тоа значи дека дневно трошите од 300 до 500 денари само за кафе и пијалоци. Доколку овој трошок го множете со 22 работни денови во месецот, тогаш вие во месецот трошите од 6 000 денари на нагоре само за ова. Можеби треба да размислете за намалување на пиењето кафе.
- Паркинг
Ако сте личност која сака да поминува време надвор од дома секојдневно, тогаш стотина денари во денот можеби и не ви значат многу за паркинг. Но ако сте во градот секој ден, а ви се случува честопати да го оставате автомобилот на паркинг повеќе часови, направете си сметка колку многу пари трошите во месецот само на паркинг и размислете да почнете да користете градски превоз.
- Пороци
Бројот на пушачи постојано се зголемува, што значи дека се зголемуваат и сумите кои дневно се трошат за цигари. Ако една личност пуши по кутија цигари дневно, тогаш во месецот ќе троши околу 3000 денари само за цигари. Другите пороци како алкохол и обложување дополнително ќе ви ја намалуваат состојбата на сметката.
- Пријатели и разонода
Пријателите ќе ве викнат на скара, фудбал, кино или дружење кај нив дома, па иако ова се идеални моменти за опуштање, сето тоа чини пари. Доколку за вечерата платите околу 1000 денари, за фудбал 500 денари, за кино повторно околу 500 денари, а ова ви се случува еднаш неделно или на десетина дена, тогаш во најдобар случај паричникот ќе ви биде полесен за минимум 6000 денари месечно.
- Автомобил
Ако во трошоците го вклучиме горивото чија цена постојано се зголемува, сопствениците на автомобили технички постојано плаќаат само за да можат да возат. Редовен сервис, патарина, осигурување, технички прегледи итн.. Доколку имате среќа, па автомобилот не ви се расипува често, а поседувате мал, економичен автомобил па и трошоците ви се помали, истиот најверојатно ве чини околу 3000 денари месечно.
Кога сите овие нешта ќе се соберат, учествувањето во овие пет активности месечно ви го одзема најголемиот дел од платата.