Тепачка во авион поради прдење. Пилотот принудно слетал во Виена!

Тепачката меѓу двајцата патници почнала откако едниот од нив “не сакал да престане гласно да прди”, пренесува Мејл Онлајн.

Авионот на Трансавиа Ерлајнс  кој сообраќал на релација Дубаи-Амстердам принудно слетал во Виена бидејќи  во тепачката се вмешале и други патници.

Воздушните власти потврдија дека инцидентот настанал кога еден патник кој “имал проблеми со гасови” не можел да се воздржи, на што реагирале двајцата  Холанѓани , кои седеле до него.  Откако патникот продолжил со гласно испуштање гасови, дошло до размена на закани , а потоа и до врескања и тепачка .

Полицијата на австрискиот аеродром од авионот исфрлила четворица патници: двајца мажи холандски државјани и и две помлади жени ( сестри ) од Ротердам , кои се колнат дека немале врска со инцидентот и дека се неправедно казнети.  На исфрлените им е доживотно  забрането  да се возат во авионите на Трансавиа Ерлајнс.

Translate »