Го добивме и вториот Гранд милионер за оваа година!

И оваа година, Гранд кафе на верните љубители на вкусот и мирисот на најдоброто кафе им нуди милион причини за радост! Второто извлекување од наградната игра „Стани Гранд милионер“ кое се одржа на 6 ноември ни го даде и вториот Гранд милионер за оваа година.

Најновиот Гранд милионер е Ѓурѓица од Валандово, која со едноставно испраќање на код пронајден во внатрешноста на амбалажата на нејзиното омилено кафе, успеа да освои еден милион денари.

Право на учество во наградната игра „Стани Гранд милионер“ имаат сите кои купиле 200-грамско пакување од кафињата Гранд Голд, Арома или Стронг и го испратиле кодот втиснат на внатрешната страна од пакувањето преку официјалната веб-страна, по СМС на бројот 149 491 или преку Viber профилот на Гранд кафе.

„Им посакувам на сите да играат во наградната игра, да го пијат најдоброто Гранд кафе и да уживаат во уникатниот мирис и вкус што наградува“, изјави Ѓурѓица веднаш по извлекувањето.

Моментот на извлекувањето на вториот Гранд милионер за оваа година може да го проследите преку видео на Facebook страната на Гранд кафе:

https://www.facebook.com/grandkafa/posts/pfbid024m8d2DXQ1wZnn7LFbtC3yn9ZLhaDMhBPUNoLeeHhCkuzTkTJTyhEuuJWTNKZFvikl

Наградната игра „Стани Гранд милионер“ веќе традиционално се одржува и ги наградува лојалните купувачи на Гранд кафе. До крајот на оваа година има уште едно извлекување, закажано за 6 декември. А пак, секојдневно ќе има и дневни награди со ексклузивни пакети на Гранд кафе, додека секоја среда ќе се извлекува и по еден добитник на неделна награда.

Сите оние што го сакаат вкусот на Гранд кафе имаат шанса и понатаму да се пријавуваат и да ги добијат главните награди од по еден милион денари што ќе се доделат во последното извлекување за оваа година.

Уживајте во мирисот и вкусот на вашето омилено кафе, испраќајте кодови и не ја пропуштајте шансата да играте за еден милион денари. Извлекувањето ќе биде со пренос во живо на ФБ страницата на Гранд кафе: https://www.facebook.com/grandkafa.

Translate »