Не e пливањето: Наједноставната морска активност која топи килограми и ги формира мускулите
Престојот на море е идеална можност да внесете одредени промени во вашето секојдневие. Меѓу останатото, доколку сакате да пешачите, сега е идеално време да ја замените вообичаената рутина со прошетки во море, кои дополнително ќе ја подобрат вашата состојба.
Оваа вежба со низок интензитет идеална е за оние денови кога можеби сте премногу уморни за да пливате, но би сакале да ги искористите предностите на морето и сето она што ви нуди. Можете да вежбате и одење во базен.
Која опција и да ја изберете, ќе имате одличен кардио тренинг, кој ќе ви помогне да согорите калории, а во исто време благотворно ќе влијае нa многу мускулни групи.
Придобивките од одење во вода
Водата е многу погуста од воздухот, па вежбите во море бараат повеќе напор отколку истите вежби на копно.
Со оглед на тоа што станува збор за вежба со низок интензитет, одењето во вода е понежно за вашите коски и зглобови, што го прави безбедна опција за луѓе со состојби како артритис или остеопороза.
Со оглед на тоа што не врши притисок врз телото, одењето во море може да биде добра вежба за трудници, закрепнати од повреди, за стари лица и за сите оние кои физичката активност им е новост во животот.
Студија од 2015 година покажала дека пешачењето во вода може да го зголеми бројот на срцеви отчукувања повеќе отколку одењето по копно, што може да биде добро за срцето и белите дробови.
Друга студија покажала, пак, дека одењето во вода може да помогне во намалување на крвниот притисок, особено кај луѓето кои тек почнуваат да вежбаат.
Отпрвин, одете во вода што е приближно на нивото на вашата половина. Фокусирајте се на правилната форма, односно проверете дали грбот е исправен, рамената назад, брадата е нагоре и да гледате право напред.
Додека одите обидете се да го држите телото исправено, без да се потпирате премногу на двете страни. Откако ќе се навикнете на одење во такви услови, можете да одите подлабоко и постепено да ја зголемувате брзината.
Секако, сигурни сме дека различните стилови на пливање ќе бидат изборот на многумина од вас, но пред да излезете од морето, секогаш можете да направите кратка прошетка, а воедно добро дело и за вашето тело и здравје.
Прошетката може да биде и опција со оние пријатни разговори кои сите сакаме да ги водиме на плитко.