Притвор за Васе Доневски

Судија на претходна постапка ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за определување мерка притвор за екс-директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски и определување мерки на претпазливост за второосомничениот, кој е сопственик и управител на групацијата „Секјуриком“.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело ‘злоупотреба на службена положба и овластување при вршење јавни набавки’ од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в со чл.22“, соопшти ЈОРМ.

Обвинителството наведува дека во периодот од мај до август 2015 година при спроведување постапка за јавна набавка во износ од 660.834.855 денари за одржување хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи, првоосомничениот како директор на владина служба ги пречекорил границите на своето службено овластување и потпомогнат со соизвршителство од второосомничениот – како сопственик на правно лице го оштетиле буџетот на Република Македонија при што со дејствијата е прибавена значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и правното лице.

Translate »