Убива ќелии на 4 видови рак, вируси и го забавува стареењето – Аронија најздравото овошје на светот
Северноамеричките Индијанци аронијата ја користеле за исхрана, притоа плодовите ги сушеле и ги мелеле па ги комбинирале со месо. Свежите плодови најчесто ги употребувале како лек за стомачни тегоби (желудочни и цревни тегоби), а листовите и кората ги користеле како чај со кој се спречувало крварењето од рана. Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини (Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу ретко витамин П). Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танин, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во превенција против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни материјали па и тешките метали. Освен ова аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол. Плодовите не се многу вкусни за да се јадат свежи затоа што се кисели и горчливи меѓутоа од сокот на арнијата може да се направи сок, компот, слатко, џем, вино, желе и др. Аронијата е самооплодувачка. Годишно дава плод од 4,5 – 7 кг од една грмушка и тоа после третата година од нејзината старост, после шестата година родот и се зголемува од 9 – 11 кг од една грмушка.
Аронијата уште ја нарекуваат сибирска боровница поради тоа што потекнува од Северна Америка, а најраспростанета е во Русија, и поради тоа што е отпорна на многу ниски температури (- 45 0C) . Многу е лесна за одржување, толерира различни типови на почва доколку се добро дренирани, се полева умерено. За својот развој и одговараат сончеви позиции или места во полусенка, меѓутоа за да биде плодот повкусен најубаво е да се одгледува на сончеви места. Расте до 1,8 м во висина и исто толку оди и во ширина. На пролет цвета со мали, бели цветови од кои пред крајот на летото се формираат црни бобици со големина како на боровницата кои се задржуваат на гранките преку цела зима. Плодот може да се бере и после два месеци откако ќе созрее. Листовите се сјајни со темно зелена боја, на есен ја менуваат бојата во црвено-портокалова нијанса. Примена:
- Бидејќи е отпорна на сол може да се посади покрај пат и да послужи како жива ограда;
- За аронијата не е потребно ни прскање бидејќи не може да заболи од болести или вошки
Поради својот декоративен изглед наоѓа примена и во градините, исто така може да се сади покрај водни површини затоа што издржлива на голем процент на влага во почвата. Може да се најде во Градинарскиот центар Фоја.