Koлку луѓе ќе гласаат во сабота
За гласање на референдумот се пријавени 1.859 болни и немоќни лица во 69 од 80 општини во земјава.
На 29 септември нив членови на избирачките одбори ќе ги посетат во нивните домови и ќе им биде озвозможени гласање.
Најмногу болни и изнемоштени за гласање се пријавени во Демир Хисар – 145, во Прилеп – 143, во Струмица 107 и во Крива Паланка 100.
За споредба, на локалните избори лани за гласање беа пријавени над 5.400 болни и изнемоштени лица.