Финалето од ЛШ од мој агол – Филип Поповски, Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија

Неколку дена не делат од долгоочекуваното финале од Лигата на шампионите. Сезона  која  донесе многу изненадувања и неколку неочекувани резултати. Ливерпул-Тотенхем, ретко кој ќе го предвидеше овој дуел.

Раната елиминацијата на ланскиот првак Реал Мадриде веројатно најголемото разочарување. Сензационалниот полуфинален пораз на Барселона, секако беше изненадување. А ако за некој клуб можеме оваа сезона да зборуваме во суперлатив тоа е холандскиот Ајакс. Малку фалеше да игра финале, можеби и заслужено, со оглед на фактот дека лесно и убедливо победија екипи како Јувентус, Реал Мадрид. Сметам дека подобар противник ќе беше токму против Ливерпул.

Иако веќе почна да се чувствува доза на заситеност од секојдневни натпревари, оваа година се потврди дека фудбалот повеќе од било кога е тимска игра, која не познава апсолутни фаворити, каде нема предвреме добиен натпревар, каде потценувањето на противникот значи пораз. Тоа е случајот со скапиот тим на ПСЖ, со Баерн од Минхен, Манчестер Сити….

Ова првенство ни покажа дека добрата физичка подготовка е повеќе од важна. Токму затоа имаме две англиски екипи во финалето.  Не им недостига знаење, талент и квалитет, но пред се подготвеноста, компактноста, вооиграноста, и јасната цел на секој натпревар им овозможи предност против другите. И да, го направија невозможното! Ливерпул се врати шампионски по пораз од три спрема нула, слично како финалето против Милан во 2005-тата година додека Тотенхем, направи нешто што ретко се гледа во модерниот фудбал. Гледавме две фантастични и возбудливи полуфинални натпревари. Нешто што долго ќе се прераскажува.

Жал ми е за Ајакс кој прими гол во 95. минута, кои загубија наивно. Но тоа е фудбалот! Покетино уште еднаш потврди дека е вистински лидер и предводник, кој соочен со повреда на клучни играчи, пак успеа да ги мотивира своите и да им вдахне невидена енергија и желба.

ВАР технологијата донесе регуларност на натпреварите, иако можеби и разочарување на фановите на Манчестер Сити по поништениот гол на Рахим Стерлинг. Леле… каков натпревар пак тоа беше!!!!

Очекувам одлично финале, и вистински спектакл. Имајќи во предвид дека две англиски екипи играат во финалето, илјадници навивачи патуваат и бараат карта повеќе која на црниот пазар достигнува цена и од 3000 евра, нема повеќе сместувачки капацитети дури и по 1000 евра ноќевање, Мадрид овој викенд ќе биде новата престолнина на Англија.

Како и секое финале Фудбалски минути во кои сите ќе уживаме.

Translate »