Пратениците си ги скратија парите за патните трошоци

Собраниската комисија за политички систем денеска едногласно го усвои предлог-законот за намалување на надоместокот за патните трошоци на пратениците.

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, оправдувајќи го предлог-законот рече дека сега нема да има простор за злоупотреба на парите од даночните обврзници.

Според новите пресметки, пратениците кои земале по 100 илјади денари месечно за патни трошоци, сега според новиот закон ќе земаат по околу 60 илјади денари. И тоа, ќе треба да го оправдаат на неколку начини.

Според новиот предлог-закон, народните избраници кои живеат надвор од Скопје, ќе можат да одлучат дали ќе патуваат секој ден или ќе изнајмат стан во главниот град. Законот предлог на владината  СДСМ, по второто читање во Комисијата за политички систем, ќе  оди на преланрна собраниска седница.

До оваа измена дојде по жестоките реакции во јавноста.

 

Translate »