Снежана Николовска: Корисни совети за убава коса и во лето

Сувата коса е проблематична и во лето и во зима. Меѓутоа, во овој период од годината, особено треба да се  обрне внимание затоа што сонцето ја  суши косата драстично. Еве неколку корисни совети за тоа како да постигнете вашата коса  да биде хидрирана, еластична и мека за време на летото.
Предноста на летото е во тоа дека косата често може да се суши природно, односно без користење на фен и топлина за извртување и исправање на косата. Оставете ја косата природно да се исуши и вашата коса ќе ви биде благодарна.

Маски, плакнења и други препарати со состојки за нега на коса кои ја обновуваат, и  го хидрираат  влакното на косата особено се корисни во лето. Сувата коса третирајте ја со  аргоново масло, маслото од јојоба, авокадо, маслиново, кокос и др. за да го зајакне липидниот слој што ја покрива косата и ја спречува од дехидрација. Побарајте препарати за коса кои ги содржат овие состојки.

МАСКИ ЗА КОСA ЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА

Сувата коса корисно е да биде третирана со маска за регенерација со активни хранливи материи, и тоа често маска за интензивна нега. Ние препорачуваме третман со маска која на косата и дава живот и сјај.Се препорачува третманот да се направи пред да одите на одмор каде косата со часови ќе биде изложена на сончевите зраци. Во студио ,,Грејс,, особено во летниот период правиме вакви третмани затоа што сончевите зраци во летниот период знаат да бидат исклучително штетни за косата. Нанесуваме маска која има траен ефект за косата, влакното веднаш се опоравува, затоа што маската содржи состојки кои го хранат и заштитуваат влакното. Инаку ако косата не е третирана и потхранета тешко се обликува.

Снежана Николовска- Фризер и шминкер

Студио “Грејс” 071 327049

 

 

Translate »