Снежана Николовска: есенски совети за убава и негувана коса

Како до убава коса и во есен! Совети од Снежана Николовска, професионален фризер и шминкер.

Есента покрај календарски, дојде и преку дождовите и влажниот воздух.  Предходно долгото лето и сончевите зраци влијаеја  на оштетувања на косата, правејќи ја неретко кршлива, со суви краеви или со мрсен корен.  Така да токму овој период од годината е време  за нега, и враќање на свежината на косата. Прочитајте ги советите од искусниот фризер и стилист Снежана Николовска која оваа година слави 25 години професионална кариера, 25 години со своето Студио Грејс  посветена на женската убавина и нејзината нега.

Во прилог неколку совети како да ја одржите негувана вашата коса во влажните денови.

  1. Есенските денови  и влажното време го отежнуваат стилизирањето на косата. За да ја одржите хидрирана и здрава, пробајте регенератор што не се измива.
  2. Посетувај фризерски салон. Есента е иделно време на се скрати косата, посебно оштетените врвови. Редовното потстрижување помога да се одржи косата и фризурата во одлична форма. Доколку се посакува убава и сјајна нијанса на косата најдобро е бојата да се одбере со професионално лице и фарбањето да биде во салон. 72 часа да се почека од едно до друго миење на косата, со цел да се постигне природниот ph баланс. Да се избегнуваат ластици за прибирање на косата и агресивни препарати. Убавата и средена коса е најсилното оружје на една жена.

  1. Спрејот за коса е добро решение против влажна коса. Затоа, користи спреј за коса ако мислиш дека надвор ќе заврне дожд.
  2. Внимателно со капата. Можеби ви стои убаво, но исто така може да ја сплеска косата. Кога мора да носиш плетена капа, пред да ја ставиш, расчешлај ја малку косата. Ова ќе ти овозможи лесно да ја наместиш косата откако ќе ја извадиш капата.
  3. Нормално, треба да користите шампон и регенератор, кои одговараат на вашата коса…за што секако најдобро е да се посоветувате со вашиот фризер од Студио Грејс, тел 071 327 049

 

 

 

 

Translate »