Лив Тајлер рекламира долна облека на “Триумф Есенс”

Убавата актерка Лив Тајлер, мајка на три деца, позираше во новата колекција на долна облека на “Триумф Есенс”.
-Чест ми е што сум ангажирана од ” Триумф Есенс” , тоа е бренд на кој отсекогаш сум му се восхитувала , изјави 40-годишната Тајлер на прес-конференцијата во Шангај, каде позираше на фото сесијата.

Нејзиниот познат татко, рокерот  Стивен Тајлер (69), неодамна  ја откажа турнејата на “Аеросмит” , со образложение дека бил болен.

-Татко ми беше подготвен да го одржи концерот, но , за жал, во последен момент му се влоши здравствената состојба, потврди Лив Tајлер , но не даде детали за болеста на нејзиниот родител.

 

Translate »