Мерил Стрип ставена на столб на срамот
На улиците на Холивуд се поставени плакати со слика на Мерил Стрип и нејзиниот поранешен пријател Вајнштајн. Таа на очите има залепено црвена лената на која пишува “ТАА ЗНАЕШЕ”. Еден од плакатите е поставен и во близина на нејзиниот дом. Полицијата не знае кој ги поставил. Објавените плакати се однесуваат на ставот на Мерил Стрип кон сексуалниот предатор Харви Вајнштајн.
Целиот Холивуд знаеше, само Мерил Стрип не, ова се коментарите кои уследија откако позната актерка јавно изјави дека не знала каков однос имал Харви Вајнштајн кон жените. Таа им честиташе на жените кои сведочеа дека биле сексуално уценувани и злоуптребени од познатиот продуцент, но тврди дека не знаела ништо за овие случаи, иако однесувањето на Вајнштајн бил ноторен факт во Холивуд.
Американските медиуми кон почетокот на октомври објавија бројни приказни околу сексуалното вознемирување и злоставување на жени од страна на Вајнштајн кое се одвивало со децении наназад.