Компанија ги претвора пластичните шишиња во патишта кои траат трипати подолго од оние направени од асфалт
Компанија од Шкотска создава патишта направени од пластични шишиња, а кои се трипати поцврсти и потрајни од оние направени од асфалт.
Прекрасната идеја дошла од инженерот Тоби МекКартни, кој подоцна ја основал компанијата „MacRebur“. Тој вели дека бил инспириран од две нешта: прво, од загриженоста на неговата ќерка за огромното количество пластика во океаните и второ, додека бил во Индија забележал дека локалното население користи растопена пластика за да ги пополни дупките на патиштата.
Неговата компанија создава гранули од рециклирани шишиња, кои подоцна со патентиран активатор се соединуваат со каменот на патиштата. Бидејќи пластиката се растопува на температура од 120 степени целзиусови, тие тврдат дека се избегнува создавањето на микропластика, која ја загадува природата.
Тоби тврди дека нивните патишта се 60% поцврсти од традиционалните. „На крајот на денот, пластиката е одличен продукт. Трае многу долго, што е проблем ако е отпад, но не е проблем ако ние сакаме да трае“ – вели тој.