Видео: Автономно возило на ,,Убер,, усмрти пешак
Полицијата објави две снимки од моментите пред фаталната сообраќајна несреќа во која автономно возило на компанијата Uber изгази пешак во Аризона.
На едното видео се гледа внатрешниот дел на возилото, а другото е од камерата насочена на патот. Автономното возило не закочи и удри во 49-годишната Илејн Херцберг која преминувала улица туркајќи велосипед. Таа почина подоцна во болница од здобиените повреди.
Делот од компанијата Uber кој работи со автономни возила се надеваше дека со овие тест-возила ќе докаже дека ваквите возила, кои се управуваат самите себеси со помош на компјутер, се перфектно безбедни за учество во сообраќај.
Претставник на Uber изјави дека компанијата ќе ги прекине сите тестови на нивните автономни возила на територијата на Северна Америка, каде досега вакви возила можеа да се забележат во Феникс, Темпе, Питсбург, Сан Франциско и Торонто.
Преку твит, Uber изразија сочувство до семејството на починатата жена и рекоа дека ќе се вклучат во истрагата заедно со полицијата.