На оваа сексапилната Бразилка ѝ испаднал фустанот на црвениот тепих во Кан: Ги воодушевила сите со нејзината реакција
Убавата манекенка во еден момент сфатила што се случува иако цело време со рацете го придржувала својот фустан за да спречи да ѝ се случи “несреќа“. Бразилската манекенка Фернанда Лиз на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан прошетала во раскошен фустан кој во еден момент ѝ се спуштил надолу со што ѝ се виделе градите.
Фернанда била облечена во долг жолт фустан која како што изгледало ѝ бил за два броја поголем па и во текот на нејзиното фотографирање таа го придржувала фустанот со рацете.
Таа го подигнала долниот дел од фустанот за да може да се движи и да ја промени позата за фотографирање, а потоа “немирниот“ фустан се лизнал и од деколтето “ѕирнале“ брадавиците на популарната манекенка.
Фернанда била на премиерата на францускиот филм „Oh, Mercy“, а кога сфатила дека сите присутни ги виделе нејзините брадавици и дека фотографите го забележале нејзиниот пех, манекенката почнала да се смее.
Инаку, на многумина нејзината креација која ја носела не им се допаднала, а има и такви кои коментираат дека Фернанда била најлошо облечена на фестивалот во Кан.
Дали Фернанда била одлично подготвена за нејзиното шоу кое го направила на црвениот тепих или пак сакала да покаже малку повеќе од останатите, ве оставаме сами да заклучите.