Влегол во училиштето и затстрелал 10 луѓе, точно знаел кого ќе убие
Ученикот Димитриос Пагоуртзис, кој вчера влегол во тексашко средно училиште и застрелал 10 луѓе, вклучувајќи ги и своите колеги ученици, планирал нападот да го заврши со самоубиство, но наместо тоа се предал на полицијата, рекол гувернерот на Тексас, Грег Абот.
Учениците рекле дека вооружениот напаѓач отворил оган во еден клас во средното училиште во Санта Фе во петокот во околу 8 часот наутро, и дека тие побегнале во паника кога ги виделе ранетите колеги, а пожарниот аларм поттикнал целосна евакуација.Случајот е најнов во низата смртоносни пукања во американските училишта. Случајот со 17-те убиени ученици и професори на 14. февруари во Паркленд на Флорида, повторно ја поттикнал долгогодишната расправа за поседувањето на огнено оружје.
Десетина луѓе исто така биле ранети во нападот вчера, се вели во објаснувањето на Абот на прес-конференцијата, а напаѓачот употребил сачмарка и револвер, кои ги земал од својот татко.
Не само што сакал да убива, туку сакал и да изврши самоубиство, вели тој, наведувајќи го полицискиот извештај од дневникот на осомничениот. “Немал храброст да изврши самоубиство”.
Напаѓачот е идентификуван како Димитриос Пагоуртзис. Тој соработува со полицијата, на која и признал дека точно знаел кого ќе убие и дека ги поштедил „луѓето кои му се допаѓаат”. Бил член на школската фудбалска екипа и одел во грчката православна црква. Пријателите го навеле како мирна личност која не правела проблеми. Сепак, на својот профил на Фејсбук објавил фотографија на која го возвишува нацизмот, а пред нападот објавил фотографија со маица на која пишува „Born To Kill”.
Задржан бил во затворот Галвестон под обвинение за тешко убиство, без можност за кауција. Поради тежината на злосторството, може да биде осуден и на смртна казна.