ВИДЕО Затвореници се изживуваат врз поранешниот началник на Кочани осуден во „Детонатор“

На социјалните мрежу кружи видео снимено во струмичкиот затвор каде затвореници се изживуваат врз поранешниот началник на полициска станица Кочани, Ванчо Тодоровски, кој и самиот издржува казна затвор. На видеото се слуша како останатите затвореници го принудуваат да земе метла и да мете.

-Сега јас сум началник, тука. Не, не Рајка, остај метлата. Не си ти на ред, остај метлата. Земи началниче, ајде чисти. А бе чисти, ајде, чисти таму Ване! Ќе чистиш и ќе пееш, јас сум сега началник! – му вели затвореник на Тодоровски.

-Овој не апсеше брат. Ние сме си сега цимерчиња. Секое сабајле мораш да чистиш и да џогираш – му велат затворениците на што Тодоровски се согласува дека ќе чисти.

Ванчо Тодоровски во 2012 година прво беше разрешен од функцијата началник на ПС Кочани од страна на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а потоа беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување и изнудa.

Тодоровски е осуден во предметот „Детонатор“ за злоупотреба на службена положба и овластување и за изнуда. Тој принудил печалбар од Италија да му исплаќа по 100 и 200 евра за да му прости сообраќајни прекршоци.

https://fokus.mk/video-zatvorenitsi-se-izzhivuvaat-vrz-poraneshniot-nachalnik-na-kochani-osuden-vo-detonator/

Translate »