Дете им побегна на киднаперите по 7 години заробеништво!
Тимоти Пицен, кој исчезна во 2011 година на шестгодишна возраст, наводно се појави жив и здрав во Охајо, откако успеал да им побегне на киднаперите.
Неговата приказна е прилично неверојатна.
Тинејџер кој тврди дека е Тимоти, се јавил во полиција во Кентаки вчера во утринските часови и рекол дека само што им побегнал на двајцата киднапери. Тој наводно рекол дека го држеле седум години.
Полицијата тргнала во потрага по момчето и го нашле во Шеронвил, Охајо во близина на Синсинати. Момчето тврди дека има 14 години и дека успеало да побегне од мотелот Red Roof Inn, но не може да потврди каде се наоѓа. За киднаперите вели дека е се двајца белци, високи и набилдани, со тетоважи на рацете и на вратот.
Не е познато дали тинејџерот, кој е под заштита на полицијата, навистина е Тимоти. Наводно му бил направен ДНК тест за потврда на неговиот идентитет, а за резултатите се чека околу 24 часа.
Тимоти исчезна откако мајка му го зела од училиште и пријавила дека има итен случај во семејството и ќе биде на одмор со неа три дена. Жената беше најдена мртва неколку дена подоцна во хотел во Илиноис. До неа беше најдено писмо во кое пишуваше дека Тимоти е на безбедно со луѓе кои ќе се грижат за него.
Приказната беше интензивно покриена од медиумите тогаш, а во емисијата Live PD беше направен компјутерски генериран приказ за тоа како би изгледал Тимоти седум години подоцна.
Live PD on A&E✔@OfficialLivePD
MISSING: #LivePDNation help us find Timmothy Pitzen!@MissingKids1,0015:17 AM – Aug 26, 2018