КИНА СТАНА НАЈГОЛЕМ ИЗВОЗНИК НА ВОЗИЛА, ПРЕСТИГНУВАЈЌИ ЈА ЈАПОНИЈА
Кинескиот извоз е поттикнат од побарувачката за електрични автомобили и продажбата во Русија. Потсетуваме дека минатата година Кина ја престигна Германија и со тоа стана втор најголем извозник на автомобили во светот. Според кинеската Генерална царинска управа, Кина извезла 3,2 милиони возила во 2022 година, во споредба со Германија која извезла 2,6 милиони возила.
Кина стана најголемиот светски извозник на автомобили откако ја престигна Јапонија во првиот квартал од оваа година. Официјалните податоци објавени деновивер покажаа дека Кина извезла 1,07 милиони возила во периодот, што е за 58 отсто повеќе од првиот квартал од 2022 година. Истовремено, Јапонија извезла 954.185 возила, што е за шест отсто повеќе од претходната година.
Кинескиот извоз е поттикнат од побарувачката за електрични автомобили и продажбата во Русија. Потсетуваме дека минатата година Кина ја престигна Германија и со тоа стана втор најголем извозник на автомобили во светот. Според кинеската Генерална царинска управа, Кина извезла 3,2 милиони возила во 2022 година, во споредба со Германија која извезла 2,6 милиони возила, објави Би-Би-Си.
Оддалечувањето од фосилните горива придонесе за подемот на кинеската моторна индустрија. Извозот на нови енергетски возила (NEV), вклучително и електричните автомобили, се зголеми за повеќе од 90 отсто во првиот квартал во споредба со претходната година.
Филијалата на Tesla во Кина, SAIC (сопственик на брендовите MG и BYD), поддржана од искусниот американски инвеститор Ворен Бафет, е меѓу најголемите кинески извозници на NEV. Производителот на електрични автомобили на Илон Маск има голем производствен капацитет во Шангај кој извезува во региони вклучувајќи ги Јапонија и Европа.
Санкциите кон Русија добивка за Кина
„Гигафабриката“ на Тесла моментално е способна да произведува 1,25 милиони возила годишно, а компанијата планира дополнително да го зголеми капацитетот. Минатиот месец започна со производство на спортски теренски возила Model Y за извоз во Канада.
Кина, исто така, забележа зголемување на извозот во Русија од почетокот на војната во Украина, бидејќи западните земји воведоа трговски санкции кон Москва. Минатата година, кинеските производители на автомобили, вклучувајќи ги Geely, Chery и Great Wall, забележаа скок на нивниот пазарен удел во Русија, откако ривалите, вклучувајќи ги Volkswagen и Toyota, ја напуштија земјата по инвазијата на Украина.
Препознавајќи го потенцијалот на електричните возила пред 15 години, Кина инвестираше огромни ресурси во изградбата на конкурентен екосистем за електрични возила. Како резултат на тоа, Кина е водечка во глобалниот пејзаж на електрични возила, продавајќи двојно повеќе електрични модели во 2022 година од Европа и САД заедно.
Европските производители со потенцијален загубен профит од 7 милијарди евра
Кина, исто така, има конкурентна предност во речиси сите аспекти на синџирот на вредност на ЕВ, бидејќи тие учествуваат со повеќе од 80 отсто од продажбата на ЕВ на домашниот кинески пазар.
Поради големиот залет на кинеските електрични автомобили, европските производители би можеле колективно да загубат повеќе од седум милијарди евра годишен нето профит до 2030 година.
Доколку кинеските производители ги зголемат уделите на домашниот пазар на 75 отсто до 2030 година, вкупната продажба на европските производители на автомобили во Кина би паднала за дополнителни 39 отсто, при што локалното производство ќе падне за 4,4 милиони единици на 2,7 милиони до 2030 година – пишува во извештајот на осигурителната компанија Alianz со наслов „Кинескиот предизвик за европската автомобилска индустрија“.