Владе Дивац ќе влезе во Куќата на славните
Легендарниот српски кошаркар, Владе Дивац оваа година ќе влезе во Куќата на славните во Спрингфилд, објави новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, кој е добро информиран за кошарските настани во САД.
Дивац ќе стане четврти Србин во Куќата на славните, по Александар Николиќ, Бора Станковиќ и Дражен Далипагиќ.
Од територијата на поранешна Југославија, членовите на Куќата на славните се Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раџа.
Дивац е роден во Пријепоље, играше за Слога од Краљево и Партизан пред да замине во НБА и да настапува за Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.
Со националниот тим освои бројни медали, вклучувајќи ги и титулите светски и европски шампион, како и две олимписки сребра.
Кандидатот за влез во кошаркарската Куќа на славните од регионот на поранешна Југославија оваа година е и прославениот тренер Богдан Тањевиќ.