Викторија Лоба – Сакам да го посетам Мачу Пикчу “изгубениот град”на Инките во Перу

loading...

Викторија Лоба, е наша популарна поп- пејачка, девојка со блескав тен и природна убавина, непосредна, која освојува од прва.

Од неодамна и заштитно лице на “Орифлеим” познатата шведска компанија за природна козметика.

Ја сретнавме на официјалната промоција на новата кампања и слоган на Орифлеим “Убава на свој начин” и нејзината промоција како бренд- амбасадор, за да ја прашаме кои 5 работи би сакала да ги направи или да и се остварат во периодот кој следи.

 

1.Нешто што сакам да ми се случи во блиска иднина и работам на тоа е мојот албум кој ќе го промовирам кон крајот на месец мај оваа година и потоа турнеа низ Македонија, со завршен концерт во Скопје.

2.Сакам да го посетам Мачу Пикчу “изгубениот град” на Инките во Перу,

3. Да пробам Скајдајвинг во Дубаи

4.Боса да ги прошетам плажите во Хавана.

5.Покрај сите нешта кои би сакала да ми се случат во иднина најзначајното секако би било да станам мајка.

 

“Херој” e балада во етно- стил, нов македонски хит на Викторија Лоба кој беше потребен на македонската естрада.

 

 

 

Translate »