Социјалните мрежи се запалија..коментирајќи го малиот број гласови од гледачите

АЛО БРЕ ! Стручно жири на Велика Британија ни даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија ? Не е Тереза Меј, не е Брегзит, не е Меган Маркл… Британија е земја на Depeche Mode, Joy Division, Queen, Stone Roses, The Beatles, Cure, Oasis, Smiths, Rolling Stones, Pink Floyd, Radiohead, Led Zeppelin…

Кај сите Турци таму и гол Асан, па и јас со коментар за Евровизија. Цела ноќ и сабајле читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други пцујат што не сме победиле (а богами бевме бољи од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана – Колдплеј за сиромашни), трети хејтаат до зла бога и назад.

Girl, let mi tell you something….

Не знам дали забележавте, ама името на оваа земја е Република Северна Македонија. Тоа е факт, без разлика дали ни се допаѓа или не. Така требаше да биде, така и бидна. Македонското во нас никој не може да ни го одземе. Но, синоќа покажавте дека сепак можело. ВИЕ што хејтате, голем дел од дијаспората (секоја чест на исклучоците) и слични малоумни коментари, покажаа дека сами си го одземате она што е македонско во вас. Синоќа само еден народ беше против Македонија (северна, источна, каква сакате). македончето. Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, злобно. Затоа што Македонците гласаа и се радуваа. македончето од својата глувчешка дупка хејташе.

АЛО БРЕ ! Стручно жири на Велика Британија ни даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија ? Не е Тереза Меј, не е Брегзит, не е Меган Маркл… Британија е земја на Depeche Mode, Joy Division, Queen, Stone Roses, The Beatles, Cure, Oasis, Smiths, Rolling Stones, Pink Floyd, Radiohead, Led Zeppelin…

А вие кои сте за да не гласате за одлична песна и уште подобра пејачка ?

Не ви се допаѓа Северна ? Обвинете ги политичарите.
Демек ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна Македонија ? Нормални ли сте ? Од утре казнете ги и банките што се во Северна па не ја подигнувајте платата, казнете ги училиштата и не ги праќајте децата во школо, казнете си ги фирмите кај што работите и не одете веќе на работа…

„Казнувате“ уметност поради политика. Невидено !

Социјалните мрежи ви дадоа глас, па сега лупате глупости триста на саат.

Ништо вие не казнивте. Не можете да ни ја одземете радоста за успехот на Тамара ! Не можете да ми ја одземете синоќешната вечер со пријателите во која викавме и урлавме на секој добиен поен, да не зборувам за 12-ките и десетките. Таа радост, таа позитивна енергија, таа среќа што ретко ја доживуваме во толкав интензитет сите одеднаш.

Tamara Brana Velkova те сакаме сите, да знаеш !

THIS IS ME AND THANKS TO YOU I’M #PROUD !

Фејсбук статус на  Јасмина Тасевска

Translate »