И со новиот закон ИЗВРШИТЕЛИТЕ „ги дерат“ граѓаните по старите високи цени

Новиот Закон за извршување не важи ретроактивно, а извршителите ги пуштиле сите предмети кои биле заглавени по фиоките сè со цел да се наплатат по старите повисоки тарифи кои ги предвидуваше претходниот закон. Сега стигнуваат сметките за наплата.

„Сите фактури, сите предмети кои ги имаат, беа во дослух со претставници од министерствата и точно знаеја каков е законот дека нема да важи ретроактивно, иако ни беше ветувано дека ќе биде ретроактивен законот. За да ги фатат старите тарифи, за да го фатат стариот Закон за извршување сите предмети ги пуштија во оптек и сега граѓаните се најдени во небрано“ –вели Марјан Ристески, од иницијатива „Стоп за извршителите“, пренесува „Алсат М“.

Како потврда за обвинувањата Ристески пред камерата на Алсат извади извршно решение во кое се гледа дека за долг од илјада денари, извршителите бараат да се плати речиси десет илјади денари

Од Министерство за правда јa потврдуваат ваквата ситуација, иако велат дека главна цел на измените на законот било да се намалат трошоците во постапките пред извршителите и тоа за најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци.

Извор: АлсатМ

Translate »