Вознемирувачко видео од убиството на Србинот во Америка
Грозоморно видео ја потресе јавноста
Младо момче со српско потекло е ограбено и застрелано во Филаделфија.
Убиството е убаво забележано на камерите, а полицијата од Филаделфија соопшти дека доколку некој ги идентификува осомничените по облеката, патиките, амблемите на јакните, ќе следува парична награда од 20.000 долари.
25-годишниот Милан Лончар е државјанин на Србија, убиен е во филаделфиската населба Бреверитаун додека си го шетал кучето, а убиството е регистрирано на уличните камери, кои убаво успеале да ги снимат двајцата напаѓачи.
Убииството се случило точно во 19 часот по локално време во улицата Џеферсон, а на видеото се гледа како две момчиња со качулки на главите и заштитни маски му приоѓаат на Лнчар со јасна цел да го ограбат.
– Снимено е и видео од грабежот на камерите за видеонадзор. На снимката видовме разбојници кои ги пребаруваа џебовите на Лончар. Набргу потоа, еден од нивго застрела оган и ја удри жртвата во градите. Засега е познато дека немало борба. Жртвата беше пронајдена во локва крв и во полусвесна состојба, но тој сè уште го држеше поводникот од неговото куче, изјавиа полициски службеници.