Нутриционистка советува: „Хранете се на овој начин и трајно ќе се ослободите од надуеноста, лошиот метаболизам и вишокот килограми“
Доколку имате проблеми со лошиот метаболизам, болки во желудникот, тогаш овие совети ќе ви бидат од корист.
Нутриционистката Лијен Харисон од Австралија низ годините и самата се борела со лошиот метаболизам и надуеност.
Тогаш сфатила дека тајната на рамниот стомак не е исклучиво во консумирањето на овошје и зеленчук, туку неопходно е да ги внесувате сите намирници, но во одредени количини.
Доколку сакате надуеноста да стане минато, таа вели дека мора да јадете храна како што е чија семе, киви, компири, но исто така да пиете и доволно количина чај од нане.
Од друга страна пак, потребно е да го ограничите внесувањето на храната како што е зелката, вештачките засладувачи, но исто така и алкохолот, како и да не претерувате со вашите оброци.
„Повремената надуеност е нормална. Кога јадете обилен оброк или пак оброк полн со растителни влакна, поголем дел од луѓето имаат проблем со надуеност“, објаснува таа.
„Тоа е природно и нормално. Тоа што не е нормално е постојана надуеност која е болна и поврзана со други состојби, како што е дијарејата. Во тој случај најдобро би било да посетите доктор“.
Доколку со текот на времето ве мачи надуеност, имате лош метаболизам или пак сакате да ја намалите вашата телесна тежина, применете ги овие совети:
„Има многу едноставни совети за таквите проблеми. Прво треба почесто да јадете, но оброците да бидат помали, имајќи ја предвид количината на растителни влакна која сте ја внеле во организмот, поради што премногу или премалку растителни влакна може да предизвикаат надуеност. Исто така важно е правилно да ја џвакате храната. Потрудете се да ја изџвакате храната целосно поради што така се намалува шансата за надуеност“, објаснува таа.
Таа додала и дека потребно е да ја намалите количината на внес на газирани пијалаци и засладувачи – слатки и алкохол.
Нутриционистката вели и дека потребно е мрсната храна да ја сведете на минимум поради што таквиот вид на храна директно влијае на здравјето на цревата.
Зголемете го внесот на овие намирници и применувајте ги овие навики:
– Чај од нане
– Чија семе
– Изладен варен компир
– Оброкот треба да ви биде количински помал
– Вода
– Киви
– Подолго џвакајте ја храната
Оваа храна и навики сведете ги на минимум:
– Преработена храна
– Газирани пијалаци
– Зеленчук кој предизвикува надуеност
– Вештачки засладувачи
– Големи оброци