ПРВАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО РЕГИОНОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА СЕ ОДРЖУВА ВО СКОПЈЕ

loading...

Скопје ЊуМенс Бизнис Акцелератор, во соработка со свои
соработници и партнери од едни од најголемите вселенски агенции, како Брус Питман -Главниот стратег во NASA Space Portal – одговорен за соработка со приватниот сектор, ја организира Првата Конвенција за Вселенската индустрија во регионот на Југоисточна Европа, која вклучува 3 главни содржини: Хакатон за студенти од 18ти до 20ти октомври 2019 и Конференција и Саем за индустрија од 21ви до 23ти октомври 2019 година.


Над 30 претставници на компании од САД, Канада, Западна Европа (Холандија, Франција, Германија, Италија, Унгарија, Австрија) и Азија (Јужна Кореја и Хонг Конг) кои се добавувачи на вселенската индустрија ќе се сретнат во Скопје со компании од македонската индустрија, со цел да презентираат на кој начин компаниите од реалниот сектор и од помалите земји можат да се вклучат во оваа високопрофитабилна индустрија, како и да идентификуваат потенцијални партнери и соработници, и да се запознаат со капацитетот на домашните таленти.

Меѓу учесниците на Конвенцијата се претставници на NASA, Planet, Airbus Defence and Space, Azimut Space, Thales, Sapienza Consulting, Tachyon Aerospace, Contec, SkyLabs и други.


Конференцискиот дел од Конвенцијата како и Саемот за индустрија ќе се случуваат од 21ви до 23ти октомври 2019 година во хотелот Александар Палас, и се наменети за компании од следниве индустрии: Информациски и Комуникациски Технологии, Автоматика, Роботика, Паметни материјали, Текстил, Медицина, Обновливи извори на енергија, Агрономија, а на отворањето ќе се обрати Амбасадорот на Холандија г-дин Дирк Јан Коп.

Формално Кoнвенцијата започнува на 18ти октомври во 13:00 часот со хакатон за млади таленти NASA Space Apps Challenge (18-20 окт) на кој учесниците ќе решаваат глобални проблеми со помош на нови технологии, а во кој како ментори и судии ќе се вклучат и дел од
експертите гости од странство, како и бројни домашни експерти од компаниите Нетцетера, Веb Фактори, Оне Инсајд, Symphony Solutions, како и од Природно Научниот Музеј.


Поддржувачи и партнери на настанот се: Амбасада на САД, Холандска Амбасада, Француска Амбасада, ЕЛЕМ, Нуклеус, Фх3х, Нетцетера, ФИТР, НЛБ, МАСИТ, Општина Карпош, НОВА и Тиквеш.


Повеќе информации на: www.newmansba.com/space-tech-convention и 070365436

Translate »