Собранието избра четворица нови министри и четворица заменици министри
Собранието избра нови четворица министри во Владата. За министерка за правда е избрана Рената Дескоска, новиот министер за образование и наука е Арбр Адеми, министерството за култура ќе го води Асаф Адеми, а министер без ресор е Бардил Даути.
По гласањето за нивен избор новите министри дадоа свечени изјави.
Во Собранието вечерва се избрани и четворица нови заменици-министри во Владата.
За заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.
Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите.