Амди Бајрам за Груевски: Maж и жена се разведуваат, а не па владини партнери!
Жал ми е што морам да ве напуштам ама ја од увек сум кажал кој е на власт јас сум со вас, рече пратеникот Амди Бајрам реплицирајќи му на пратеникот Трајко Вељановски .
Вељановски претходно го праша премиерот Зоран Заев зошто на Амди Бајрам не му дал министерска позиција оти и онака не го испочитувал ветувањето дека Владата ќе брои 20 министри, а сега дели ресори за новите владини партнери.
– Во политиката нема замерки и лутење. Па маж и жена се разведуваат, тој си наоѓа друга жена…не пак владини партнери. Никола Груевски се тргна и јас се тргнав, ВМРО-ДПМНЕ не е веќе мое седиште – рече Бајрам и додаде дека не му барал на Заев министерско место.