Внимавајте кого лутите!
Жител на хрватскиот град Сплит, бил изненаден кога одејќи на работа го затекнал неговиот автомобил ,,украсен,, со хигинески влошки.
Фотографијата на автомобилот набрзо се најде на ѕидот на Фејсбук групата „Дневна доза на просечниот Далматинец“ со коментар: „Љубовта во Далмација може да се покаже на различни начини“.
Снимката на „Аудито“ целосно залепено со влошки, со неверојатна брзина почна да се шири по социјалните мреже, предизвикувајќи огромен број коментари.
„Ќе беше по романтично ако на ова имаше испишано љубовни пораки“, „Веројатно е бремена, па повеќе нема да и требаат. Виновникот е обележан“, „Среќа што не се искористени“, „Го сака до крв“, „Овој нешто многу згрешил, лошо му се пишува“, се само некои од бројните коментари на фотографијата.