Бомбата за Монструм: Слушнав еден разговор меѓу маж и жена открива претставник на осудените
Бедри Ајдари, претстaвник на семејствата на осудените во случајот „Монструм“, за убиствата кај Смилковското езеро во синоќешното издание на „Ноќно студио“ на Телма телевизија откри дека слушнал дел од „бомбата“ за случајот.
– Искрено да ви кажам, слушнав еден разговор помеѓу двајца протагонисти, едната е жена, другиот е маж, кадешто вели – „знаете, таму буквално ништо не е најдено, не оставиле никаква трага, но јас имам план”. Другиот соговорник прашува „каков план“ овој одогoвара „не можам по телефон да ти кажам“ – рече Ајдари, кој е брат и татко на обвинетите за случајот Монструм.
Запрашан за тоа дали го препознал гласот на соговорниците, тој вели дека не знае за кого се работи, односно дека не може да им го препознае гласот.
Целиот разговор погледнете го од видеото од емисијата на следниот линк.