Јован Божиноски-еко амбасадор кој го познава секој жител на Шар Планина!
Во планинарскиот клуб “Љуботен”, низ сокачињата на Тетово, се чуваат најстарите дрвени скии кои се спуштиле по Шар Планина, уште во 30тите години на минатиот век. Фотографии од планинари, опрема и дописи од меѓувоениот и повоениот период, се грижливо чувани од Јован Божиноски, претседателот на овој клуб и новиот еко-амбасадор на ДОМА. Неговата љубов за Шара е заразна а, неговата визија е на сигурен пат да се оствари. Тој го познава секој жител на планината, од падините, па се до нејзините високи врвови и со нив заедно работи на унапредување и зачувување на природните вредности на Шара.
Најверојатно љубовта и поривта за истражување на природата и планините ми ја всадија моите родители кои од мали нозе ги придружував на планинарските тури и од нив научив да го ценам животот надвор од градот. Сосема природно беше да се надоврзам на она што ме подучуваа од мал и да одам чекор понапред, па планинарењето за мене стана не само рекреативен спорт туку и професионлана преокупација коja “предизвикува” се поголем број на луѓе. Животот во градот не ретко е напорен и под голем притисок, па трагањето по визури кои нема да ти го ограничуваат погледот стана неопходен. Адреналинот како доказ дека животот не е сочинет од удобно и спокојно секојдневие туку поставување на цели и предизвици кои ќе ве испотат, ќе го стават вашето тело и ум пред искушенија и борба да се истрае…и на крајот исконската потреба на човекот да се доживее задоволството, мирот и спокојството од врвот на некоја планина, а не од троседот пред ТВ екранот, Јован од планинарскиот клуб Љуботен, организатор секоја месец мај на искачувањето на Титов Врв.