Приватни снимки повторно протекоа во јавност, овој пат од домот на Панчевски
Како што објави телевизија Алфа, ова е нов скандалозен видео материјал и според нив, фрла ново светло врз упадот на СЈО и полицијата во домот на екс претседтелот на кривичниот суд Владимир Панчевски. На материјалот од домашниот видео надзор од домот на судијата наводно се гледа како еден од службениците го зема домашниот клуч на судијата и го става в џеб, објави оваа телевизија.
Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.
Според него, снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата со кои се служи СЈО:
„Не говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА-вели за Алфа Панчевски“.,,На снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од мојот дом. Не станува збор за случајност“, вели Панчевски и прашува , дали за ова службеникот добил наредба од Катица Јанева или од претпоставените во МВР.
Тој сака да знае што планираат со клучот и дали може да очекува нови упади во неговиот дом.
Во исто време Панчевски тврди дека наредбата со која е извршен претресот е незаконска.
Според него , чудно е што налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд каде што е општо познато дека Јанева има добри релации.
За него е крајно неразбирливо и тоа што наредбата за претрес гласи за незаконско прислушување што ја сториле други лица, а во јавноста Катица Јанева наводно лажела дека станува збор за местење предмети преку судскиот систем-пренесува Алфа.
Погледнете го видеото за да видите дали е навистина така како што тврди Панчевски.
Владимир Панчевски се наоѓа под истрага на СЈО, заради сомнеж дека местел предмети на ова обвинителство да се паднат на подобни судии. СЈО се сомнева дека постоел паралелен систем на електронско бирање на судиите , а со него раководел Панчевски. Запленет му е службениот компјутер, а извршен е претрес и во неговиот дом.