Ване Цветанов: Панчевски на снимките седи како паша, а нас ни ставија лисици на рацете
,,За време на претресот Панчевски седи како паша.
Кога специјалци со фантомки, правеа претреси во нашите домови, ние бевме со лисици на рацете и тоа на грб. За да се напиеме чаша вода мораше да замолиме некој од домашните да ни ја донесе чашата до уста.
Но, ова е добро. Треба да се почитува презумпцијата на невиност и човековите права.
Во тоа е разликата,
Не се сите монструми како него и неговите наредбодавачи.
Ќе си одговараат по закон.
Дополнителните изживувања кои што тие ги правеа не се потребни“-напиша Ване Цветанов, поранешен директор на Агенција за перење пари, кој беше апсен и притворен за случајот ,,Шпион“.

