Обид за полов напад во партиски изборен штаб во Дебрца

Во просториите на општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во општината Дебрца кај Охрид, синоќа  30-годишен се обидел да изврши полов напад врз  негова сопартијка. Жената го пријавила случајот во охридската полиција, по што напаѓачот  бил повикан на разговор во полициска станица. За инцидентот реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата информираа дека го осудуваат насилството и ги повикаа институциите да го расчистат случајот согласно законите.

Translate »