Тетовскиот „Бакал“ е светски!

Да се започне гастрономска приказна во своето родно место, а можело каде било во светот, е нешто што заслужува почит. Не во Скопје, Белград или уште подалеку, туку во родната Брвеница! Тоа не е само бизнис, туку пред се силна емоција,  желба да се создаде нешто посебно, препознатливо во местото каде што си пораснал.

Дефинитивно многу луѓе дознаа и ја посетија Брвеница, токму поради ресторанот Бакал, поради перфекционизмот кој живее во овој простор. Тоа е причина луѓето да патуваат со саати, дури и да се качат во авион за да дојдат тука.

Менито оди од наједноставни традиционални македонски  јадења, па до свежа риба и други интернационални јадења како foie gras, magre, t bone steak, tatar beef. Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, но и специјалитети како подгорче, капама, ѓомлек.

 

Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Ресторанот има прекрасна градина, како ретко каде на друго место во светот. Атмосферата е опуштена, релаксирана, како да сте во најубавата оаза! Сон на сите гурмани и хедонисти. Просторот нуди максимална интимност, вонвременско уживање за долго помнење. Идеално се споени новото сотрадиционалните корени и македонската традиција, истакнувајќи го чувството на фамилијарна топлина и љубезност. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце со прекрасни риби, кое дава посебен спокој. Од сите страни се простира зеленило и хармонија од бои кои максимално опуштаат. Бакал е вистинското место за уживање, за неколку часовно хедонистичко искуство, кое долго останува во срцето и сеќавањата.

Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот,  Во преубавата атмосфера во Бакал секоја средба се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување.

Бакал е пример за сите!

 

Translate »