Суровост кон животните – Коњ колабирал на парадата во Лондон!

Коњот најверојатно колабирал од умор и  преголем стрес предизвикан од големиот метеж и бучава на новогодишната парада, која традиционално се одржува во Лондон. На кутрото животно му требале цели пет минути повторно да се крене на нозе и да продолжи.

Поради грдиот инцидент, на многумина им преседна настанот на кој учествуваа над 8000 акробати, танчери  и мажоретки од целиот свет. На социјалните мрежи , лондончани се запрашаа дали навистина им е место на коњите на вакви места и побараа оваа традиција на учество на животните на парадите да се укине.

 

 

 

 

 

 

Translate »