Загадување на воздух: како ефикасно да го мериме?

loading...

Луѓето насекаде низ светот ги чувствуваат негативните ефекти од воздушното загадување. Најновите истражувања покажуваат дека скоро 90% од луѓето во светот дишат загаден воздух, што причинува прерана смрт на преку 4 милиони луѓе глобално. За среќа, свеста за поврзаноста помеѓу човековото здравје и загадениот воздух е се’ повисока и во последните години активно се бараат одговори на ова клучно и секогаш актуелно прашање. Македонската компанија Информ ДОО мотивирана од овој проблем го разви иновативното решение – PURECLOUD!

Зачетокот на барање на решение за некој проблем започнува од утврдување и анализирање на причинителите зад тој проблем: што го причинува? Зошто тоа се случува? Потоа, на база на тие податоци се изготвува стратегија за решавање на проблемот. PURECLOUD е иновативен уред кој го мери загадувањето на микролокација, ги собира податоците и ги складира на cloud, за потоа истите да можат да се споделуваат и да се користат во понатамошни проучувања. Загрижени од сериозно високото ниво на загадување, група домашни експерти и еколошки ентузијасти во изминатиот период во соработка со ФЕИТ и поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој, напорно работеа на создавање уред кој ќе овозможи детален преглед на веродостојни податоци за загадувањето на воздухот. Дизајниран со цел да им користи на еколошките инспектори, надлежните служби и компаниите да го следат нивото на загадување, PURECLOUD прерасна од замисла полна надеж во реалност, која веќе почна да се употребува во пракса.

Велат: „Знаењето е моќ“ и тоа е навистина така, бидејќи за наоѓање одговор на некое прашање секогаш е клучно претходно стекнатото знаење и сознанијата кои ги имаме на темата. Податоците кои ги собира PURECLOUD преку мерење на квалитетот на воздухот можат да помогнат многу повеќе отколку само да ни ја дадат вистинската слика за загадувањето. Тие нудат детални информации за причината и количината на загадување, кои ќе им бидат од корист особено на властите и одговорните страни да воведат ефикасни регулации за животната средина, со цел намалување и елиминирање на штетните ефекти од загадувањето.

Само во Македонија на годишно ниво се забележуваат по повеќе од 2.500 случаи на прерана смрт од заболувања и компликации предизвикани од воздушното загадување. Прекумерната емисија на штетни гасови од компании, возила и неодговорни индивидуалци има последици на сите членови на заедницата, а одговорноста за решавање на овој проблем ни припаѓа на сите, но најмногу на компаниите и индустриите кои се главни загадувачи, како и на регулаторните тела кои ги предлагаат мерките за заштита.

Откривањето на причините кои го создаваат проблемот само ја посочуваат насоката, но преземањето акција е првиот чекор кон наоѓање на решението. Она што PURECLOUD го нуди како платформа е многу корисно за одговорање на прашањата кој, како и каде загадува, бидејќи благодарение на GPS сензорите може да ја утврди точната локација на изворот на загадување. Ваквите општествено-корисни проекти имаат широка употреба и глобален потенцијал, што може во иднина да доведе до реални и ефикасни политики за намалување на загадувањето на воздухот.

Timot na Inform Skopje
Translate »