Заразата со коронавирус на отворено е можна, но е многу ретка
Иако речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите тврдат дека е оправдано да се носат маски и на отворено иако постои мал ризик од зараза.
Носењето маски на отворено пред се се однесува на настани каде што луѓето стојат премногу блиску еден до друг, не можат да држат дистанца и подолго време разговараат како политички собири или забава на отворено.
Од почетокот на пандемијата студиите најмногу потврдуваа зараза во затворени простори како ресторани, домови, фабрики, канцеларии, конференции и јавен превоз.
Една од 7000-те спроведени студии објавена во април потврдила зараза на отворено – станува збор за двајца Кинези од рурални подрачја.https://www.youtube.com/embed/P0XlV2O3PWI
Во студија спроведена на 25.000 случаи, која сè уште не е рецензирана, приближно 6 отсто од случаите се поврзуваат со инфекција на отворено како спортски настани или концерти.
Станува збор за области во кои не се почитувалa физичката дистанца или каде што луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу, гласно зборувајќи или пеејќи.
„Не идентификувавме буквално ниту еден случај кој би го поврзале со таканаречениот секојдневен живот на отворено“, вели авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери.
Податоците од студијата укажуваат на тoа дека за истите активности и дистанцата, отворениот простор е многу побезбеден отколку затворениот. На ова истражување работеле британски, американски и германски научници.https://www.youtube.com/embed/bVYJ_pJ3vRE
„Ризикот од пренесување е значително помал на отворено затоа што ослободените вируси побрзо се разредуваат во атмосферата“, напишале експертите, споредувајќи го вирусот со чадот од цигари.
Најмалите честички кои вирусот може да ги пренесе – аеросолите, можат да лебдат во воздухот неколку минути или часови, во зависност од проветреноста на просторијата. Акумулацијата на овие честички е можна во просторија со слаба вентилација. Тоа е, на пример, исто така можно во тесен простор помеѓу две згради каде нема циркулација на воздухот.
„Не е познато точно колкава количина аеросол е потребна за инфекцијата, но колку е поголема количината, толку е поголема и можноста за инфекција“, вели Стив Елеџ, генетичар и експерт за вируси на Харвард.
Времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор. Една секунда не е доволна за да се зарази и веројатно се потребни барем неколку минути.
Во теорија, инфекцијата е можна и при разминување на луѓето на отворено.https://www.youtube.com/embed/GWQ95wSbfFc
„Нема докази ни дека коронавирусот се пренесува од луѓе кои се разминуваат на отворено. Кога се разминуваме со луѓе, можно е да „собереме“ малку од нивното издишување. Ризикот е многу мал, но од принципот на претпазливост, маската не може да штети“, изјави Линзи Мар, експерт за трансмисија на вируси од универзитетот „Вирџинија Тек“.
Постојат премногу варијабли за да може точно да се пресмета колкав е ризикот од инфекција на улица или во парк. Тоа зависи од ветерот, но и од сончевите ултравиолетови зраци кои го деактивираат вирусот, пренесува „France24“.
Сè упатува на тоа дека ризикот е мал, но маските се сепак најефикасна безбедносна стратегија.
„Случајниот минувач на улица може да кивне токму во моментот додека се разминува со вас“, сликовито објаснила Кристал Полит, професорка по епидемиологија на Јеил.