Дигитализацијата лошо влијае на вашата кожа
ИНТЕРНЕТ – ВРАТ
Мобилниот телефон ви е често во рака. Благо наведнати , читате мејлови или сте прикачени на фејсбук или инстаграм. Ова е лоша навика која предизвикува појава на длабоки хоризонтални брчки на вратот и опуштање на кожата на тоа подрачје. За да ги избегнетете овие грди последици, потрудете се телефонот или таблетот да ви биде во висината на очите. Дополнително, употребувајте креми за врат на колагенска база за да ги избегнете или ублажите брчките. Ако веќе имате длабоки брчки на вратот, експертите препорачуваат ботокс.
СМАРТ БРЧКИ
Доколку имате навика да сурфате на својот телефон во темница, тогаш ризикувате за кусо време, да се стекнете со по некоја брчка повеќе околу очите.Честа појава е телефонот да се користи додека лежиме во кревет, без светло во собата. Како резултат на тоа, ги напрегаме очните мускули и доаѓа до постепено формирање брчки. Ефектот е ист како да одите на плажа без очила за сонце. Кремите врз база на ретинол, како и оние со хијалуронска киселина, ќе ви ги намалат ситните брчки околу очите, а ботоксот, повторно, е за оние кои имаат подлабоки проблеми. За да го спречите настанувањето нови брчки, веднаш престанете да читате во темница.
КФЛ – ПИГМЕНТАЦИЈА
Доколку користите компактни флуоресцентни сијалици сте заштедиле енергија, но дали сте забележале дека се повеќе имате кафеави дамки на кожата.Пред 4 години, во една студија научниците забележале дека овој тип на сијалица емитува повеке УВ зраци отколку конвенционалната(електрична) сијалица, што придонесува за оштетување на кожата. Но, без оглед на причината за настанување на темните пеги на вашата кожа(сијалица или сончевите зраци), експертите советуваат редовно да употребувате препарати за кожа со антиоксиданси за да се превенираат нови оштетувања. Размислете и за замена на флуоресцентните сијалици со ЛЕД осветлување, кое речиси воопшто не емитува ултра-виолетови зраци.
АКНИ ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Честите и долги телефонски разговори можат да предизвикаат акни на вашите образи, а причина за нивната појава е од бактеријска природа. Екраните на телефоните, особено на поновите генерации смартфони, многу често се замастуваат, а бактериите се лепат на маснотијата. Затоа користете ја функцијата ‘‘спикер’’или слушалки и чистетете го телефонот со антибактериски средства.