ЕСКАЛИРАА ПРОТЕСТИТЕ ВО БУГАРИЈА: НАЈМАЛКУ 80 ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СОФИЈА (ВИДЕО)
Откако антивладиниот протест пред зградата на бугарскиот парламент прерасна во насилни судири, полицијата ги отстранила шаторите, кои месец дена го блокирале сообраќајот на сообраќајни раскрсници во центарот на Софија.
Вечерва, група демонстранти одговориле на апелот на полицијата да престанат да го нарушуваат јавниот ред и мир, со уште поголема агресија, пренесува бугарската агенција Агерпрес. Полициските вооружени сили ги потиснала демонстрантите на три групи и така отстранувајќи околу 20.000 граѓани од плоштадот.
Се наведува дека насилните демонстранти користеле разни тврди предмети во судирите со полицијата: стаклени шишиња, метални шипки и цевки, камења, пластични маси и столови и други.
VIDEO blob:https://www.facebook.com/fffcddd4-ff23-4011-ab81-284c46c0d143
Директорот на полицијата во Софија, Георги Хаџиски, утрово на брифинг изјавил дека 80 полицајци се здобиле со повреди за време на судирите, а меѓу повредите тие имаат скршени коски, изгореници на лицето и рани.
Приведени се вкупно 126 лица.