Нема да има предвремени парламентарни избори во Македонија
По средбата на премиерот Зоран Заев со канцеларката Ангела Мерке во Берлин, нема да има предвремени парламентарни избори во Македонија, тврдат извори од СДСМ за ТВ21.
Владата на РСМ вчера излезе со соопштение дека лидерот на германската сојузна влада порачала дека ЕУ ќе и одобри Датум за преговори на Македонија во септември, што најверојатно е доволен рок за критериумите на Заев, кој претходно порача дека се можни предвремени избори во земјата доколку унијата „не го испорача ветеното“.
“Во недела имаме Централен одбор на партијата, каде ќе донесеме одлука за следните чекори, но изборите повеќе не се опција, бидејќи датумот е сигурен во октомври“, изјави за ТВ21 висок извор на СДСМ.
Иако одложувањето за есен, наместо во периодот јуни/јуни не е посакуван рок за владеачката партија, наредните чекори треба да бидат потврдени на Централниот одбор на СДСМ кој ќе се одржи во недела во Охрид.