ВЕСЛИ КЛАРК: ПУТИН БИ МОЖЕЛ ДА ПРЕДИЗВИКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк смета дека на Балканот постои ризик од нова војна, што би можел да ја предизвика рускиот претседател Владимир Путин.

– Балканот е еден од регионите, кои рускиот претседател Владимир Путин може да ги претвори во кризно подрачје, изјави Кларк за Радио телевизија Косово (РТК).

Според него, постојат „кризи што го чекаат моментот“ и тогаш кога ќе му биде потребно, Путин ќе поттикне некоја од нив.

– Тоа може да биде тука (во Косово), можеби во Украина, можеби во балтичките земји, оцени Кларк.

Translate »