Неверојатно откритие: Што се крие под древните пирамиди?
Во близина на главниот град на Мексико археолозите најдоа скриени тунели и пештера под еден од најважните археолошки пронајдоци, пишува Daily Mail.
Таен премин и пештера се пронајдени на околу осум метри под Пирамидата на Месечината, втората најголема пирамида во Мексико. Станува збор за новооткриено обредно место за кое експертите веруваат дека е поврзано со ритуали посветени на подземниот свет кои ги обавувале старите Толтеци.
Понатамошните истражувања треба да покажат дали постои поврзаност на стариот град со други делови на кои постојат остатоци од оваа античка цивилизација.
Претходни истражувања во 2017 година сугерираа постоење на простории под пирмаидата, а научниците сега го потврдија тоа.