Летал преку тревникот и удрил такси возило, еден загина

Во сообраќајката што се случи на булеварот Србија, едно лице загина, а едно е тешко повредено по тешката сообраќајка која се случила на булеварот „Србија” во Скопје нешто по 1 часот. При ударот едно од трите возила кои учествувале во сообраќајката целосно е опожарено.

Според МВР, до сообраќајката дошло кога возило ауди управувано од Ѓ.Д.(28) од Скопје се судрило во патничко моторно возило пежо 207, управувано од А.М.(60) од Скопје, а потоа преку тревникот поминалo на коловозните ленти од спротивната насока.

Возачот на аудито удрил во оградата на бензинската пумпа, по што завршил во такси возило марка шкода октавијa управувано од Т.Ј.(58) од Скопје.
Во сообраќајната незгода на место на настанот починал Т.Ј., додека тешка телесна повреда е констатирана кај сопатникот од аудито Б.М.(21) од село Сопиште.

По незгодата, возилото ауди се запалило и целосно е опожарено. По сообраќајката интервенирале и 4 возила на противпожарната единица и 12 пожарникари.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Сообраќајот на булеварот во двете насоки бил во прекин четири часа.

Причините за тешката сообраќајка се утврдуваат. Фото newsroom.mk

 

Translate »