Кустурица: Трамп е американскиот Нерон, ако Москва му премолчи следните бомби ќе бидат за Русија
Режисерот Емир Кустурица, коментирајќи ги заканите на Трамп за ракетен напад врз Сирија, го спореди американскиот претседател со римскиот император Нерон, а Русите ги предупреди што ќе им се случи ако не одговорат на нападот
“Трамп е судбина на таа голема империја и голема култура , која го доби својот Нерон. Тој е пироман кој ќе ја запали целата планета,” вели Кустурица.
” Реториката на Западот дека некој некаде има направено нешто е чиста лага и повторно се работи за манипулација со хемиското оружје. Се однесуваат како да првпат им се случува ова, заборавија дека Блер призна дека лажел, како да по Втората светска војна не водеа повеќе од 12 војни и секаде убиваа деца и цивили, а сега лажат дека сакаат луѓето да ги заштитат, како што Трамп вели, од “животното Асад”. Нивното чудо е комфорот, најпривлечниот поим на новиот човек, на тој “хај-тек” паганин, кој ќе ја проголта оваа лага на западната хемисфера и на крај ќе се распадне во сопствените лаги и неморалот,” вели режисерот.
“Тајната е во тоа што ако Русите не одговорат на американскиот напад врз Сирија, ќе мора да се соочат со бомби и во Русија””, заклучува Кустурица.