Не го пропуштајте настапот на светски познатата ѕвезда Шарлот де Вит на тврдината Могрен во Будва!
Едно од најголемите имиња на светската електронска музичка сцена – белгиската продуцентка и DJ Шарлот де Вит, сними специјален настап на уникатна локација на будванската тврдина Могрен. Овој настап, претставувајќи го нејзиното ново EP „Rave on Time“, се реализира во рамките на проектот InifinitX во организација на EXIT, кој во склад со глобалните трендови на промоција на дестинации ги спојува најголемите имиња од музичката сфера со најубавите локации ширум светот, а реализиран е со логистичка поддршка на Туристичката организација Будва. Ваквиот начин на промоција на дестинации и нивните културни добра стана апсолутен хит во светот и привлекува милионски аудиториум, притоа дополнително беше актуелизиран во добата на корона земајќи предвид дека младите луѓе кои ги следат ваквите содржини се меѓу првите кои се враќаат на туристичките патувања.
Настапот на Шарлот ќе има огромна глобална промотивна вредност и опсег, бидејќи оваа извонредна артистка на социјалните мрежи ја следат скоро 3 милиони луѓе. Видеото од нејзиниот настап на EXIT Life Stream досега ја имаат прегледано повеќе од 600.000 луѓе, па се очекува дека сетото од тврдината Могрен, кој ќе се емитува на 24 септември во 20:20 часот, ќе го проследат најмалку милион луѓе ширум светот.
Шарлот де Вит помина неверојатен пат од надежен талент до светска суперѕвезда. Настапуваше пред десетици илјади луѓе на најголемите фестивалски сцени, како што се EXIT, Tommorowland, Awakenings, Sonar, ADE, како и во најпознатите клубови на Ибица, во Амстердам, Велика Британија, Германија, Шпанија, Франција, Северна и Јужна Америка, Азија и Австралија. Преку проектот InfinitX таа ќе го претстави своето ново EP „Rave on Time“, кој ќе биде објавен на 25 септември.
Настапот на Шарлот де Вит ќе може да се погледне на 24 септември во 20:20 часот на нејзината официјална Facebook страна и на веб-сајтовите на фестивалот EXIT и Life Stream (www.exitfest.org; https://savelife.stream; https://www.facebook.com/exit.festival ).