Една чаша вино дневно за вита линија, подобра меморија и имунитет
Уживајте во добрата храна и останете вити. Уште една од придобивките кога се консумира вино во умерени количества. Типичен пример за ваквото тврдење е таканаречениот „француски парадокс“. И покрај тоа што имаат калорична и зачинетa кујна, Французите остануваат вити и поздрави токму поради навиките за консумирање на барем една чаша вино со главниот оброк. А придобивките од виното се особено изразени ако консумирате квалитетни вина, како на пример црвените вина од Gevino, кои последниве години поставија нова реалност. Gevino претставува вистинско освежување во македонската винска индустрија. А уникатноста и квалитетот на нивните вина веќе полека но сигурно станува нивен заштитен знак.
- Квалитетното црвено вино ја подобрува меморијата
Едно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние што пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од другите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови. - Помага при согорување калории
Практиката покажува дека луѓето што пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние што го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.
4. Го зајакнува имунитетот
Една британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела.
5. Заштитник на женските јајчници
Една чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајчници за 50 отсто. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите, кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.
6. Ги зајакнува коскитеВо просек, луѓето што се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние што не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон што го забавува ронењето на старите коски. Гевино вината се наменети за сите оние кои што сакаат спој од квалитет и уникатност, модерен дизајн со автентична, лична црта. Идеални за подарок!.